Како би го промовирала излегувањето на својот најнов, осумнаесетти по ред парфем, Џенифер Лопез позирала потполно гола. Намачкана со масло, стратешки ги сокрила своите интимни делови, но сепак го покажала своето тело.
Таа го промовирала парфемот „Glowing“ за кој рекла дека претставува се што таа сакала. Рекла дека мирисот е толку едноставен, есенцијата била природна, а сепак заводлива и секси. Парфемот е мешавина на мирисни ноти на бергамот, мандарина и чемпрес, а во продажба би требало да се појави оваа пролет.