Славната пејачка Џенифер Лопез баш нема среќа во љубовта. После долгиот брак со познатиот пејач Марк Ентони кој заврши во 2011 година, Џенифер се впушти во нова врска со младиот танчер Каспер Смарт која траела речиси три години, и која завршила со раскинување. После седум месеци самотнички живот, Џенифер одлучи малку да се позанимава со љубовниот живот и да се врати на старата љубов.

 

Парот покажал дека не можат еден без друг и Новата година ја прославиле заедно во Лас Вегас каде пејачката одржала свој солистички концерт. Инаку, пејачката од танчерот е постара дури 18 години и неодамна изјавила дека има голем страв од самотијата, па многумина помислиле дека токму тоа е причината поради која се смирила со поранешното момче.