Џенифер Лопез (39) знаела дека ќе започната да кружат трачеви дека е повторно бремена откако папараците ја снимиле со заоблен стомак додека шетала по улиците на Менхетн. Пејачката на тоа само се насмевнала и изјавила оти тоа е само дел од нејзината улога во новиот филм кој го снима.


Додека шетала и пришло едно девојче кое сакало да се фотографира со омилената пејачка. Таа тоа го прифатила и го прегрнала девојчето. Пејачката со себе на снимањата ја води и својата мајка Гвадалупе, која ги чува нејзините близнаци Ема и Макс. Меѓутоа во паузите веднаш се упатува кон децата и целото слободно време го минува со нив.