Како супер ѕвезда и член на жирито во талент шоуто „Американски идол“, Џенифер Лопез привлекува внимание со своите изданија. Од ден во ден воодушевува со своите избори, а се што ќе облече станува вистински хит. Така била видена пред студиото во Лос Анџелес пред доделувањето на „iHeartMusic“ наградите додека колегата Рајан Сикрест и ја поправувал шминката.
Папараците го следеле секој нејзин чекор, а и кој не би кога изгледа така добро. Џеј Ло носела секси бел фустан во кој ги вовлекла своите славни адути. Витки нозе, цврст задник, бујна коса… кој би рекол дека оваа ѕвезда има 44 години. Редовно вежба како би била во форма, а признала дека не размислува за пластични операции. Неодамна го објавила својот нов спот во кој изгледа баш како на почетокот на кариерата.