Пејачката и актерка Џенифер Лопез, која моментално е ангажирана како член на жирито на шоуто „Американски идол“, најавила дека наскоро планира да направи светска турнеја. Џенифер, чија песна “On The Floor” од новиот албум веќе стана светски хит, рекла дека тоа им го должи на своите фанови.
Пејачката на 3 мај ќе го објави својот седми студиски албум со наслов „Love“. Таа изјавила дека музиката и понатаму е нејзина најголема љубов, а новиот албум го подготвувала две години и едвај чекала да и го претстави на јавноста. Сега има намера да го издаде и вториот сингл од албумот со наслов “I’m Into You”, кој го снимила во соработка со Лил Вејн.