Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез одлучила да напише свои мемоари. Популарната Џеј Ло потпишала договор со издавачката куќа Пингвин за својата прва книга, своевидна автобиографија.

Како што пренесуваат агенциите, книгата под наслов “True Love”, ќе биде пишувана во форма на дневник во кој пејачката ќе ги изнесе своите искуства од светската турнеја во 2012 година и сите стравови кои тогаш ги преживеала и како ги надминала. Книгата ќе биде објавена на 29 октомври на шпански и англиски јазик.