“Dance Again” е името на најновиот документарец кој ќе зборува за животот на поп ѕвездата Џенифер Лопез. Филмот ќе се снима во 3Д технологија, ќе зборува за важните настани од животот на пејачката, вклучувајќи го и разводот од Марк Ентони.

Џенифер изјавила дека минала низ големи проблеми во животот со разводот и се што следувало со него, и одлучила тоа да го стави на филм. Пејачката одлучила името на филмот да биде “Dance Again”, според името на нејзината турнеја во 2012 која засекогаш и го променила животот.