Џенифер Лопез е една од најпознатите пејачки на светот и во поголемиот дел од времето е во движење. Сепак, секој свој слободен момент го минува во друштво на синот Макс и ќеркичката Ема. На својот Инстаграм профил објавила фотографија која ги разнежнила фановите.
Славната мајка со своите дечиња неделниот ден го минала во опуштено расположение, а своите интимни семејни моменти одлучила да ги подели со обожавателите. Славната дива моментално работи на нов проект. Гласот на Џенифер ќе можеме да ги слушнеме во новиот хит на „DreamWorks“, ‘Home’. Лопез ќе го позајми гласот на Луси Туци, мајката на малата Тип.