Џенифер Лопез наводно се откажала од снимањето на еден филм бидејќи продуцентите го одбиле нејзиното барање да вработат само помалку убави актерки од неа.
Имено, таа требало да глуми во филмот „33“, а извор за медиумите раскажал дека таа ги прегледувала фотографиите од кастингот и дека ги прешкртала сите фотографии на кои забележала дека некоја од актерките изгледа премногу секси. Да потсетиме, Џеј Ло моментално е во врска со младиот Каспер Смарт, а деца има од бракот со Марк Ентони.