Пејачката Џенифер Лопез продолжува да освојува со своите нови песни, а својот успех одлучила да го прослави токму онака како што и доликува. Така таа се забавувала во Лас Вегас со своето момче Каспер Смарт по повод претставувањето на нејзиниот најнов албум.

Забавата била одржана во ноќниот клуб на познатиот казино хотел Белаџио во Лас Вегас. Каспер и Џенифер цело време танцувале, а подоцна во ноќта пејачката го зела микрофонот во раце и ја зазела ди џеј кабината.