Пејачката Џенифер Лопез е во одлични односи со поранешниот сопруг Марк Ентони, но тој е во уште подобри односи со нејзиното момче Каспер Смарт. Џенифер и Марк одржуваат пријателски однос, а колку се блиски покажува и фотографијата која пејачката ја објавила на Твитер. На фотографијата Лопез и Марк се заедно, со новите партнери, Каспер и девојката на Марк Шенон де Лима, прославувајќи го роденденот на синот на Марк Кристиан.

Марк Кристиан го добил од бракот со Дајанара Торес. Осве заеднички фотографии, Џенифер објавила и фотографии од чокладната торта и под една од нив напишала „Не знам дали би смеела да го изедам ова парче вкусна чокоадна торта….. да го изедов целото“.