Џенифер Лопез знае како квалитетно да го искористи своето време. Кога не настапува или не се грижи за своите деца, тогаш најчесто се дружи со своите пријателки. По прекинувањето со младото момче Каспер Смарт, се посветила на самата себе и на албумот, а нејзините пријателки знаат секогаш да ја насмеат.

Така нејзината најдобра пријателка Леа Ремини, позната по улогата во хит серијата „Кралот на Квинс“, ја изненадила Џенифер додека се одмарала на базен, сето тоа го снимила и потоа го објавила на Инстаграм. Освен тоа и ја фотографирала својата најдобра пријателка, па ја натерала да ги објави своите секси фотографии.