Врската на Џенифер Лопез и нејзиното момче Каспер Смарт од ден на ден станува се посериозна. Само седум месеци по разделувањето со поранешниот сопруг Марк Ентони, новото момче во нејзиниот живот не само што ја обзел латино дивата, туку многу им се допаѓал и на нејзините близнаци Макс и Ема.
Имено, пејачката била фотографирана како со 18 години помладото момче и своите деца се одмара на една плажа во Санта Моника. И додека популарната Џеј Ло се сончала и делувала многу уморно, нејзиниот партнер бил многу расположен. Танчерот времето го минал играјќи со децата, исполнувајќи ги нивните желби, па така со нив трчал по плажата и ги кревал високо во воздухот.