По разделувањето од Марк Ентони, Џенифер Лопез започнала врска со 24-годишниот Каспер Смарт. Бидејќи танчерот не бил така богат како Ентони, пејачката неделно му давала по 7000 евра, како би му помогнала, а воедно и би го изнервирала својот наскоро поранешен сопруг. Каспер немал постојан извор на приходи и често бил во долгови. Поради тоа Џенифер Лопез одлучила да му пружи финансиска помош во вид на неделен џепарлак.
Извор близок на пејачката рекол дека и било непријатно што таа секогаш ја плаќала сметката каде и да оделе. Заклучила дека ќе биде поедноставно да му дава џепарлак, а седум илјади евра и изгледале како сума која одговара. Марк Ентони бил изнервиран поради ваквото однесување и тврдел дека Смарт со неговата сопруга бил само од корист.