По се изгледа Џенифер Лопез не прашува за цена кога е во прашање нејзиното младо момче Каспер Смарт. Таа била толку обземена со своето 18 години помладо момче, што правела се за да го задоволи, па трошела неверојатно суми како би му купила облека, накит и други подароци.

Извор близок на пејачката изјавил дека Џенифер му дала „ American Express Black Card“ како би можел да ги плаќа сметките кога и да излезат заедно. Исто така извори тврдат дека таа потрошила десет илјади долари за луксузен мобилен за Каспер, му купила дизајнирани чевли вредни неколку илјади долари, ги плаќала неговите посети на разни луксузни одморалишта, а исто така и го унапредила во свој уметнички директор, па му ја подигнала платата на 40 илјади долари неделно.