Џенифер Лопез толку се заљубила во своето 18 години помладо момче, што не и претставувало проблем секојдневно да му дава голем џепарлак, а неодамна почнала и да му плаќа часови по глума. Таа мисли дека би било забавно да глуми покрај своето ново момче, како што било случај и со нејзините поранешни брачни другари Бен Афлек и Марк Ентони.

Популарната пејачка и актерка сакала од своето младо момче да направи ѕвезда. Неодамна се пишувало дека 24-годишниот Каспер Смарт стално бил во долгови бидејќи немал редовен извор на приходи. Џенифер Лопез била среќна кога му давала пари бидејќи не морала секогаш кога ќе излезат таа да ја плаќа сметката.