Пејачката Џенифер Лопез го повела своето 18 години помладо момче, танчерот Каспер Смарт на Хаваите, на островот Кауаи. Парот заедно со децата на Џенифер Лопез, близнаците Макс и Ема, на Хаваите го минале Денот на благодарноста, јавиле американските таблоиди.
Извор близок на парот рекол дека Каспер бил прекрасен со децата. Со играл со Макс и Ема, а ним и годело неговото друштво. Пејачката во септември се развела од Марк Ентони, а тогаш ја поврзувале со многу познати личности, меѓу кои и актерот Бредли Купер како и ѕвездата на латиноамериканските сапуници Вилијам Леви.