Популарната пејачка Џенифер Лопез во јуни тргнува на голема светска турнеја, пренеле американските медиуми. Турнејата би требало да започне во Јужна Америка, а пејачката и нејзиниот тим ќе почнат со припреми на 4 мај.
Извор близок на пејачката навел дека во план е голема турнеја во чии рамки Џенифер ќе одржи околу 60 концерти ширум светот. Нејзиното момче Каспер Смарт ќе биде задолжено за кореографијата на настапите.