Џенифер Лопез е музичка дива која со годините изгледа се подобро и подобро. Сега папраците ја снимиле на плажа на снимањето на новиот спот за песната ‘Live It Up’. Пејачката која има 43 години спотот го снимала на плажата во Форт Лаудердејл. Благодарение на портокаловото бикини, од далеку изгледала како да е потполно гола, но кога објективите на камерите се приближиле, папараците убаво ја фотографирале прекрасната пејачка.


Променила неколку комбинации, но најмногу вниманието го пленела токму во бикинито, додека подоцна зе забавувала снимајќи кадри за својот нов спот облечена во тропски комбинации. На сетот бил и хитмејкерот Питбул, а од видот не ја испуштал ниту Каспер Смарт. Снимањето било прекинато од неколку истрели, но за среќа никој не настрадал, а ѕвездата брзо била пренесена на сигурно.