Џенифер Лопез го одврзала паричникот по обновувањето на договорот со продуцентите на „Американски идол“, и си купила луксузна вила од 18 милиони долари во Хемптонс. Латино ѕвездата неодамна од продуцентите на „Американски идол“ каде учествува како член на жирито добила 20 милиони долари.
Поради тоа и се причинило дека луксузната вила во областа Вотер Мил во луксузното одморалиште Хемптонс и не е премногу скапа, па без поголеми проблеми ја платила 18 милиони долари. Вилата има осум соби за спиење, девет тоалети и преубав панорамски поглед на морето.