Пејачката и актерка Џенифер Лопез најавила дека ќе отвори ланец продавници за мобилни телефони и веб сајт во рамките на Вива Мобил брендот како “Verizon” телефоните и услугите би ги продавала на жителите со латино-американско потекло. Првата продавница ќе биде отворена на 15 јуни во Њујорк.

Лопез, како што пренесуваат медиумите, најавила дека вработените во продавниците ќе зборуваат шпански и англиски и дека ќе даваат „културно релевантно шопинг искуство“. Вива Мобил ќе биде официјален продавач на “Verizon” телефоните.