Џенифер Лопез, која моментално е во центарот на вниманието поради разводот од Марк Ентони, наскоро ќе отпатува за Украина, каде ќе пее на една свадба за хонорар од милион долари. Џенифер Лопез не сака да дозволи неодамна објавениот развод да ја успори нејзината кариера.
Американските медиуми објавиле дека пејачката наредната седмица ќе отпатува за Украина. Таа на 19 јули ќе ги забавува гостите на свадбата за што ќе добие сума од милион долари. Нејзинте близнаци за време на патувањето најверојатно ќе бидат со нивниот татко Марк.