Џенифер Лопез за потребите на новиот спот креирала нов лик, наречен Лола. Пејачката објаснила дека Лола не претставува нејзин алтер его. Видеоспотот нема да се најде на нејзиниот нов албум, бидејќи како што вели станува збор за песна за загревање пред материјалот кој го подготвува.


Но песната барем до негде ни пружа увид во тоа што не чека во спотот. Снимен е во стилот на 80-тите кога Мадона беше главна на светските топ листи. Лола е потполно поинаква од она што досега навикнавме да го гледаме од сопственичката на најславниот задник во светот.