Џенифер Лопез за списанието Ванити изјавила дека и понатаму верува во љубов, и покрај фактот што се разведува од Марк Ентони по седум години брак. Актерката и пејачка во првото интервју кое го дала откако таа и сопругот соопштиле дека се разведуваат, навела дека е вечен оптимист и дека љубовта за неа е најголемиот сон. Џенифер Лопез, која имала врски со ѕвезди како што се Бен Афлек и Пи Диди, објаснила дека научила како врската треба да се прекине кога повеќе не функционира.
Една од работите кои одлично функционирале во нејзиниот брак била заедничката работа, за која рекла дека заедно со сопругот правеле магија. Таа и Марк Ентони имаат две деца, близнаците Макс и Ема. Септемврискиот број на Ванити Фер во кој е нејзиното интервју во продажба ќе биде од 9 август.