Американската ѕвезда Џенифер Лопез конечно и официјално се разведе од Марк Ентони после десет години брак. Пејачката добила старателство над децата. Таа и Марк, кои се венчале во 2004 гоидина, добиле близнаци во 2008, Максимилијан и Ема. Поранешните сопружници се договориле да не си плаќаат алиментација, а Марк ќе се грижи за децата седум дена месечнo.
Џенифер Лопез има издадено седум студиски албуми и глумела во неколку филмови. Пред бракот со Ентони имала неколку љубовни врски, а една од најпознатите и беше со американскиот актер Бен Афлек, со кој кратко време била и свршена. На свеченото отворање на Мундијалот оваа година ја изведе нумерата “We Are One”.