Милијардерот од Индија, Сању Хиндуја (50), кој е член на едно од најбогатите британски семејства, неодамна се ожена со својата долгогодишна партнерка Ану Махтани. Тој направил свадба која траела три дена и го чинела 15 милиони фунти.

 

На венчавката, гостите биле забавувани од страна на Џнифер Лопез и Никол Шерцингер, кои од ова доста заработиле. По овој настап двете пејачки станаа побогати за 650 илјади фунти. Со оглед на тоа дека семејството Хиндуја на својата сметка има 11,9 билиони фунти, милијардерот не мораше да се грижи за трошоците, па така свадбата ја организираше во најелитниот хотел во градот Удајпур. На една од најубавите свадби кои се случиле во оваа земја била служена храна од најмалку 16 светски кујни, а биле услужени повеќе од 16 илјади гости. На оваа манифестација присутни биле најбогатите и најмоќните луѓе од целиот свет кои пристигнале со повеќе од 208 приватни авиони.