Пејачот Марк Ентони и неговата поранешна сопруга Џенифер Лопез најавиле дека заедно ќе настапат на 26 мај во Лас Вегас. Шоуто било започнато додека сеуште биле во брак, а парот и после разделувањето одлучил да продолжи со проектот.
Ентони изјавил дека многу луѓе не разбираат како може сеуште да соработуваат, и додал дека нивната соработка е сосем природна без никакви непријателства. На концертот покрај нив ќе настапат уште 52 изведувачи. Овој концерт ќе биде кулминација на шоуто во кое Џенифер Лопез и Марк Ентони патуваат низ Латинска Америка трагајќи по нови талентирани млади изведувачи.