После веста дека латино пејачката и танчерот повторно се заедни, тие се појавија заедно и на снимање на филм. Парот се држел за рака, што потврдува дека се заедно, но пејачката упорно ја демантира нивната врска. Вели дека се само пријатели, и тоа многу добри пријатели.
Уште една промена, освен што не е сама, Џенифер ја промени и фризурата. Таа и Каспер својата врска ја започнаа во 2011 година, а после три години ја прекинаа. Меѓутоа, после седум месеци Џенифер одлучила да и се врати на стара љубов, а оттогаш постојано се шпекулира за природата на нивната врска.