Иако својата врска ја обновија пред еден месец, Џенифер Лопез и Каспер Смарт планираат да се венчаат во декември оваа година. Џенифер неодамна настапувала на доделувањето на “Billboard Latin Music Awards 2015”, кои се доделуваат на музичарите со латиноамериканско потекло.

 

После настапот, пејачката и нејзиното поранешно-сегашно момче се упатиле на вечера во еден престижен ресторан во Мајами. Американските таблоиди пишуваат дека Џенифер планира во декември да се омажи за Каспер и тврдат дека пејчката планира свадба од три милиони долари.