Иако е многу веројатн дека станува збор за претпоставки на американските медиуми, би било убаво ако е вистинито. Тие своевремено беа златниот холивудски пар. Бен Афлек и Џенифер Лопез наводно повторно се вљубени. После долги години разделеност, во кои Бен беше во брак со Џенифер Гарнер, а Лопез со Марко Ентони, парот наводно се смири. Американските таблоиди тврдат дека Афлек излезе од депресијата и дека е одлучен во намерата да ја врати Лопез.
Наведуваат и дека Џенифер нема ништо против неговото додворување. Да потсетиме, Џенифер и Бен прекинаа после долга врска, која требеше да заврши со брак. Врската напросто беше прекината, а наводно Лопез долго патеше по Афлек. Наводно повторно се блиски, планираат да излегуваат и да се гледаат. Каде во таа приказна е Каспер Смарт, долгогодишното момче на Лопез, останува да видиме. Иако приказната е прилично натегната, сите би сакале да веруваат во неа.