Поп пејачката Џенифер Лопез и италијанскиот тенор Андреа Бочели снимиле дует кој ќе се најде да новиот албум на пејачот со име ‘Passione’. Овоја пејачки пар направил нова верзија на познатата нумера од 1947 година ‘Kvazas, kvazas, kvazas’, пренеле американските медиуми.

На неговиот нов албум, кој ќе се најде во продажба во Велика Британија од 28 јануари, покрај дуетот со Џенифер Лопез, ќе се најде и дует кој го снимил со пејачката Нели Фуртадо. Албумот ‘Passione’ ќе биде 14 албум на Бочели. Се очекува дека и Лопез оваа година ќе го издаде својот десетти албум.