Ѕвездата Џенифер Лопез тврди дека Хакоб Маноукиан од неа побарал $2.8 милиони долари за да не ги изнесе во јавност тајните разговори кои пејачката ги правела со своите соработници и пријатели.

Во тужбата Лопез изјавила дека причината поради која Хакоб бил отпуштен била несогласувањето помеѓу него и нејзиниот менаџер кое се појавило откако Хакоб побарал да стане дел од личното обезбедување на пејачката, а уценувањето започнало откако тој добил отказ.
Во тужбата Џенифер Лопез бара да и се исплати оштета од $20 милиони долари.