Славната Џенифер Лопез е позната по својот раскошен стил, а ништо помалку не е раскошен ниту нејзиниот дом. Луксузниот дом во Холивуд во 2010 година го купила со тогашниот сопруг Марк Ентони за 8,2 милиони долари, но откако се финализирал разводот, вилата ја ставила на аукција во склоп на агенцијата Вариети. Нејзината вила брои преку 17 илјади квадратни метри. Има дури девет спални соби, просторна сала за танц, теретана, театар со 20 места за седење, осум камини и рофесионално студио за снимање.
Надвор може да се ужива во големата прекрасно уредена градина, се разбира и во големиот базен. Ниту паркингот не е обично место за паркирање. Во гаражата има места за осум автомобили и 20 мотори. Иако ја платила многу помалку пред пет години, нејзината вила сега достигнала цена од дури 17 милиони долари.