Џенифер Лопез гостувала во британското шоу „Јас имам талент“, каде го промовирала новиот сингл “Live It Up” прилично скромно облечена. На сцената се појавила во црно трико кое едвај го покривала нејзиниот популарен задник.
Рацете и биле прекриени со ракави од вештачко крзно, а на нозете имала црни чизми до над колената. Аманда Холден, една од судиите во шоуто, и рекла дека има феноменален задник и дека посакува да ја гризне за него.