Славната американска пејачка и актерка со порториканско потекло, Џенифер Лопез, го откажала настапот на свеченото отварање на светското фудбалско првенство во Сао Паоло на 12 јуни. Како што соопштила меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Лопез во последен час го откажала учеството поради „продукциски причини“ и таа нема да се појави на стадионот Коринтијанс.

Пејачката која има 44 години требало да ја пее заедно со раперот Питбул, бразилскиот пејач Клаудио Лејте и групата Олодум официјалната химна на мундијалот “Ние сме едно“. Светското првенство во фудбал ќе биде одржано од 12 јуни до 13 јули во Бразил.