Пејачката и актерка Џенифер Лопез се погрижила 25-от роденден на нејзиното момче да мине речиси совршено. За да го израдува, Џенифер го одвела во шопинг на Беверли Хилс. Таа на својот твитер профил напишала дека се надева дека нејзиното момче ќе го има најсреќниот роденден досега.


За роденденот да му биде навистина најубав се потрудила на тој начин што го одвела на шопинг во многу луксузни продавници. Минатата недела тие  престојувале во Холивуд заедно со тригодишните близнаци Макс и Ема кои Џенифер ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони.