Незгоди со фустаните често им се случуваат на ѕвездите, а доказ за тоа е најновиот случај од светскиот шоу-бизнис. Пејачката и актерка Џенифер Лопез повторно почнала да посетува журки и конечно излегла од својата улога на очајна домаќинка.
За време на излегувањата со сопругот и пријателите, Џеј Ло имала облечено секси фустан и така ја покажала својата одлична фигура после породувањето. Меѓутоа, тоалетата ја открила брадавицата на познатата пејачка, а фотографиите веќе го обиколија светот. На пејачката тоа не пречело премногу, туку си го наместила фустанот и продолжила да им позира на фотографите.