Џенифер Лопез дефинитивно решила да продолжи со својот живот после разводот од Марк Ентони, а ако може да им се верува на трачевите, нејзиното внимание моментално било свртено кон Бредли Купер. Џенифер Лопез и Бредли прв пат биле видени заедно на вечера пред еден месец во Њујорк, кога наводно разговарале за професионална соработка.


Меѓутоа, бидејќи често биле забележувани заедно и после тоа, во Холивуд почнале да кружат гласини дека помеѓу двајцата актери нешто се случува. Како што наведуваат пријателите на популарната пејачка и актерка, Бредли ја засмејувал и и’ се допаѓало вниманието кое и го посветувал. Засега уживаат во флертот, но не одрекуваат дека тоа би можело да прерасне во нешто поголемо.