Проследена со извици на поддршка од група фанови, пејачката и актерка Џенифер Лопез добила ѕвезда на холивудската патека на славните да достигнувања во областа на музиката. Лопез, њујорчанка со порториканско потекло, одржала емотивен говор пред насобраните кои се појавиле да видат како ја добива својата ѕвезда, 2500 по ред на Холивудскиот Булевар. Задржувајќи ги солзите рекла дека сето тоа делувало надреално, но така стварно. Според неа чувството било фантастично.
Актерската кариера ја започнала во 1986 година со улога во филмо „Мое девојче“. а признание стекнала со улогата на Селена во истоимениот филм од 1997 година. Оттогаш нејзината кариера на пејачка, актерка, дизјанерка и член на жири во Американскиот идол тргна во нагорна линија. Продала повеќе од 70 милиони албуми ширум светот, а музичката кариера ја започнала во 1999 година со деби албумот “On the Six”. Оваа есен ќе го објави својот осми студиски албум.