Секси пејачката и актерка Џенифер Лопез ја воодушеви публиката со својот жежок настап на iHeart радио концертот во Лас Вегас. Латино дивата која има 47 години уште еднаш покажа дека и тоа како може да се носи со многу помладите колешки, а за настапот избра провокативен бел костум кој го нагласуваше нејзиното затегнато тело и најголемиот адут, својот славен задник.
Најголема поддршка на настапот имаше од нејзиното младо момче, танчерот Каспет Смарт, кој работел на нејзината кореографија, а пејачката на својот Инстаграм профил подели видео од пробата и откри како течеа припремите за спектакуларниот настап. Се чини дека нема ништо да ја спречи и во иднина да продолжи да не воодушевува, како со своите изведби, така и со својот изглед.