Свесна дека гледаноста на „Американски идол“ е одлична, Џенифер Лопез од продуцентите побарала дополнителни осум милиони долари за да остане во жирито и во снимањето на 11 сезона од шоуто. Фактот што од минатата година кога влегла во жирито гледаноста пораснала, познатата пејачка истакнала дека сака да го искористи моментот.
Досега добивала хонорар од 12 милиони долари, а од 11 сезона би можела да инкасира 20 милиони долари. Продуцентите биле решени да ја задржат. Медиумите истакнале дека гледаноста на „американски идол“ никогаш не била поголема, па продуцентите биле спремни да ја исполнат секоја нејзина желба. Исто така и уште еден член на жирото барал покачување, но безуспешно, а станувало збор за Стивен Тајлер.