Актерката Џенифер Лав Хјуит ќе се соблече потполно гола пред телевизиските камери. Се разбира, станува збор за снимањето на серијата „Client List“ која веќе се емитува на американските телевизии. Веста за тоа ја открил близок соработник на популарната актерка и додал дека телевизиската куќа некои делови од телото на прекрасната актерка ќе ги замагли.
Џенифер Лав Хјуит исто така преку друштвените мрежи ги замолила своите фанови со гласање да и помогнат оваа година од 20. место на најсекси жени според листата на списанието Максим да се најде меѓу првите пет.