Судија во новото, тринаесетто издание на популарното шоу „Американски идол“ ќе биде Џенифер Хадсон, која токму со овој музички натпревар станала популарна во светот на шоу бизнисот во САД. Благодарение на „Американски идол“, иако не го освоила првото место, таа многу брзо станала „сопственичка“ на престижна награда која ја доделува Американската филмска академија. Таа добила Оскар за споредна улога во филмот “Девојки од сништата“, каде глумела како дебитант покрај далеку попопуларнта колешка Бијонсе.
Таа во следниот „Американски идол“ ќе се најде рамо до рамо со Кели Кларксон, која била победничка во првото издание на шоуто, а за трет судија ќе се избира помеѓу, исто така поранешни учесници во идолот, Адам Ламберт и Клеј Ајкен. Продуцентите на Фокс се одлучиле идните учесници во шоуто да ги оценуваат поранешни натпреварувачи, бидејќи се надеваат дека така ќе ја вратат публиката.