Актерката Џенифер Хадсон би требало да глуми во римејк на филмот „Телохранител“ од 1992 година во кој главната улога ја тумачела сега починатата Витни Хјусотн. Иако снимањето на филмот се најавувало уште од минатата година, сега филмот би требало да биде снимен во чест на починатата поп дива, а челниците на холивудските студија сметале дека Џенифер Хадсон била идеална за таа улога.


На Витни Хјусон, меѓу останатите, на овогодинешното доделување на наградите Греми, почит и оддала и Хадсон, и тоа токму со песната “I Will Allways Love You”, која била носечка песна во филмот „Телохранител“ и која станала своевидна љубовна химна. Во филмскиот хит од 1992 година главните улоги ги тумачеле Витни Хјустон и Кевин Костнер. Сценариото за новата верзија им било доверено на Џереми Фридман и Ник Палмер.