Актерката Џенифер Хадсон изјавила дека никогаш не пробала алкохол. Таа рекла дека никогаш не почуствувала потреба да пие како би го поправила расположението. Рекла дека никогаш не пробала ниту алкохол ниту некаква дрога, и дека не знае како се чувствуваат луѓето кога се пијани.

Таа во новиот филм “The Inevitable Defeat of Mister & Pete” глуми зависничка од хероин. Водителката Челси Хендлер ја запрашала актерката „што чека“, а Хадсон одговорила дека не знае и дека никој не и верува кога ќе каже дека никогаш не пиела. Кога ја дибила оваа улога се запрашала што прави.