Џенифер Анистон има 10 години помлад дечко, па за да остане во форма вежба, а посака и да има пополни усни. Претходно призна дека го смали носот.
– Џенифер е под голем притисок откако е во врска со Џон. Сите негови досегашни девојки беа десетина години помлади од Анистон. Таа очајнички се труди да држи чекор со него – велат пријателите на актерката.
Во почетокот на јуни Анистон посетила естетски хирург. Наводно ги зголемила усните. Отсекогаш патела поради тенките усни, истакнуваат пријателите. Актерката претходно признала дека го смалила носот, а брчките на образите и челото ги „испеглала“ со ботокс. За да изгледа како олимписка атлета, актерката напорно вежба во теретана. Се повеќе и се облекува секси.