Актерката Џенифер Гарнер која со Бен Афлек го чека своето трето дете, не се смирува ниту ви бременоста. Уште некое време нема да се појавува пред камерите, но затоа ќе ја продуцира комедијата „Цртан брак“.
Серијата е заснована на истоимен стрип, а сеуште не е познато дали станува збор за анимирана или „жива“ форма.
Темата се односите меѓу мажите и жените, а главни јунаци се еден њујоршки брачен пар. Ова е втор проект кој Џенифер Гарнер го работи за Еј Би Си.