Фотографите ја воочиле Џенифер Гарнер со децата во парк, каде си играла со ќерките Серафина и Вилоет, како и синот Бенџамин. Многу медиуми почнале да пишуваат дека актерката е повторно бремена. Тоа го потврдил нејзиниот стомак. Таа носела траперки и џемпер на риги, кој го истакнал нејзиниот стомак.
Џенифер, сопругата на Бен Афлек, секогаш истакнувала дека сака големо семејство. Парот има три деца, а наскоро ќе дознаеме дали славниот пар ќе добие четврто. Во брак се од 2005 година.