Џенифер Анистон и нејзиното момче Џастин Теру неодамна престојувале на двонеделен одмор на Хаваите, а за изнајмувањето на луксузната вила во која престојувале плаќале дури по 6000 долари дневно. Вљубениот пар за себе изнајмил едно потполно приватно одморалиште, каде секојдневно уживале во вежбање јога, масажи и возење велосипеди по островот.

Локалните жители кои имале можност да ги видат, сведочеле дека парот делувал многу складно, ненаметливо, а неколку пати биле видени и во локалните музеи и галерии, како и на прошетки по локалните улици.