Холивудската актерка Џенифер Анистон вели дека совршениот живот е празна фраза и дека секој од нас треба да биде задоволен со она што го има во животот.

Четириесетитригодишната актерка, која е во врска со Џастин Терокс, често ја прашуваат кога ќе се венчаат и основаат семејство. Таа не им обрнува внимание на таквите прашања и ужива во сегашноста, во животот каков што сама си го замислила.

-Совршениот живот е клише, зарем не? На пример, ако сакате да бидете среќни, мора да имате куќа, сопруг и деца. Децата баш знаат да бидат неуредни – изјавила холивудската актерка во интервју за шпанскиот GQ.

Џенифер зад себе има еден брак, со Бред Пит, а иако вели дека “совршениот живот“ не ја интересира, неодамна си купила куќа на Беверли Хилс со своето момче.